Вести Гостивар
Полициски билтен за Гостивар: Фатени со марихуана, претрес и лишување од слобода

Во текот на вчерашниот ден, во два одделни случаи на гостиварското подрачје биле приведени четири лица.
Секторот за внатрешни работи соопшти дека околу 15 часот и 45 минути, во гостиварското село Чегране лишиле од слобода двајца млади жители на селото, на возраст од 21 и 24 години. При нивен преглед пронајдена им била марихуана и двајцата потоа биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следува соодветен поднесок.
Вечерта пак, во периодот од 20 часот и 45 минути до 21 часот и 35 минути, полициски службеници на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во домот на 18-годишниот А.Џ. во гостиварска Долна Бањица. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се 8 куршуми калибар 9 милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол.
А.Џ. и неговиот татко 57 годишниот Е.Џ. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот. Против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 19 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер