Гостивар
Полн храм на Божиќната литургија во Гостивар, заедничка празнична радост!

Големиот православен празник, Христовото Рождество масовно и достоинствено беше прославен утрово во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. На светата божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Tетовско-гостиварски г.Јосиф, храмот го исполнија верници од сите возрасти, кои ја споделија празничната радост и се поклонија на Спасителот.
По завршувањето на литургијата, беше прочитано Божиќното послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во кое меѓу другото се вели:
„Христос не дојде како гостин, само за да нè посети и незабележително да замине. Дојде за да остане со нас во сите дни до свршетокот на светот. Та, тоа значи и Неговото име Емануил – со нас е Бог. Но, што ја прави оваа тајна уште поголема и понеразбирлива за човекот? – Тоа што сесилниот Бог и Господ на вселената не дојде како моќен владетел за да ја наметне Својата волја и да ја покори нашата волја. Тој дојде како слуга, смирен и кроток, за уште еднаш да му ја покаже на човекот Својата неискажлива љубов, со која некогаш го создаде, и да го потсети дека и тој е повикан кон таа љубов. Дојде како Младенец, предавајќи се во прегратките на Богородица и доверувајќи му се Себеси на човекот. И се покажа дека сѐ што доаѓа од небесата и од Бога е секогаш спасоносно и вечно, зашто вечен е и самиот Бог!“
На крај верниците се причестија со Светите тајни на христијанството. Според традицијата прославата се заокружи со осветување на празничните погачи и заедничката божиќна трпеза.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?