Гостивар
Полуматурантите во Гостивар прославија, деновиве треба да решат каде понатаму

Полуматурантите од гостиварските училишта го заокружија основното образование и се збогуваа со училишните клупи во кои ги поминаа изминатите девет години. Традиционално, завршувањето на основното училиште се прослави на заедничка полуматурска забава, со музика и игра. Пред учениците сега е нов предизвик – избор на средно училиште во кое ќе го продолжат образованието.
Полуматурантите имаат една недела да одлучат каде поматаму. Првото пријавување за упис во средно ќе се спроведе на 17 и 18 јуни, додека второто на 24 и 25 јуни.
Според конкурсот кој го објави Министерството за образование и наука, во четирите средни јавни училишта во Гостивар, за наредната учебна година отворени се вкупно 1.938 слободни места за упис на ученици во прва година.
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“ гимназија
476 места во 14 паралелки (68 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик, 306 ученици во 9 паралелки со настава на албански јазик и 102 ученици во 3 паралелки со настава на турски јазик)
СРЕДНО ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“
442 места во 13 паралелки (170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик, 238 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик). Учениците може да избираат меѓу неколку струки: економски, банкарски, маркетинг или правен техничар и деловен секретар. За упис се потребни најмалку 60 бодови.
СРЕДНО ОПШТИНСКО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“
272 места во 8 паралелки (68 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик, 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) За упис во ова училиште минимумот на бодови е највисок и тоа 70.
СРЕДНО ОПШТИНСКО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“
748 места ученици во 22 паралелки (272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик, 340 ученици во 10 паралелки со настава на албански јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на турски јазик) Во ова училиште има повеќе струки: машинска, електротехничка, хемиско технолошка, козметичка и други. Минимумот бодови за упис се движи од 30 до 55.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар