Македонија
Помошта за плати задолжително да продолжи, бара Синдикатот

Економско-социјалниот совет на Сојузот на синдикати го разгледа концептот на петиот пакет економски мерки како помош и поддршка на стопанството и граѓаните и излезе со свои предлог барања.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека со петтиот пакет мерки задолжително мора да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати за да не бидат доведени во прашање работните места на работниците во погодените сектори.
ССМ бара: Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради вирусот или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување на средства за плата на работниците.ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците. Работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување, а истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство. Насочување кон спроведување на јавни набавки од страна на Државните органи, исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите.
ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на Ковид- 19 да изнесува 100% од основицата утврдена со закон.
ССМ укажува дека петтиот пакет мерки треба да биде насочен кон зачувување на работните места и заздравување на економијата со цел полесно пребродување на периодот на криза.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила