Гостивар
ПОПИС 2021: Во Гостивар над 46 % од жените и 31 % од мажите на работа најчесто одат пеш

Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја. Над 35 проценти од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат седум проценти и 2,6 проценти меѓуградски автобус, а велосипед само 2,3 проценти.
Со воз до работа или училиште патуваат само 0,06 проценти или вкупно 341 лице. Над осум проценти до работа или училиште користат организиран превоз и исто толку, рекле дека користат повеќе од едно превозно средство.
Над 10 илјади граѓани или 1,65 проценти рекле дека не патуваат до работа или училиште.
Мажите најчесто до работа или училиште возат автомобил, и тоа над 40 проценти, потоа околу 17 проценти рекле дека одат пеш, а со градски автобус само 4,4 проценти и 2,1 проценти со меѓуградски автобус. Велосипед користат 2,6 проценти, мотоцикл 0,77 проценти, а воз 0,08 проценти.
Жените најчесто до работа или училиште одат пеш, и тоа над 27 проценти, потоа околу 19 проценти возат автомобил, 10,8 проценти користат градски автобус и 3,34 проценти меѓуградски автобус. Велосипед користат 1,86 проценти, мотоцикл 0,15 проценти, а воз 0,03 проценти.
Ова го покажуваат податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година.
Гостивар
Во Гостивар над 46 проценти од жените и 31 процент од мажите најчесто на работа одат пеш.
Над една третина од мажите во Гостивар најчесто користат автомобил, 31 процент одат пеш и осум проценти користат повеќе од едно превозно средство.
Најголем дел од жените во Гостивар – 46 проценти најчесто до работа или училиште одат пеш, 20 проценти користат автомобил, а шест отсто користат повеќе од едно превозно средство.
Со велосипед на работа одат 235 гостиварци од кои дури 207 се од машки пол.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022