Вести
Повредени две лица: Излетале од автопатот и завршиле на паркинг на ресторан
Жител на гостиварско Чајле и Германка се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Гостивар-Тетово. Настанот за кој информираат од Секторот за внатрешни работи, наликува на филмско сценарио.
Четириесет и тригодишниот возач и неговата шеесет годишна сопатничка од Германија, по автопатот се движеле во автомобил „форд фиеста“. Во еден момент од засега неутврдени причини возилото изгубило контрола, излетало од коловозот и превртено на покривот завршило на паркинг на еден угостителски објект лоциран во близина. Во несреќата двајцата во автомобилот се здобиле со повреди и биле пренесени во гостиварската болница, каде им е укажана лекарска помош.
Првичните сознанија зборуваат дека причина за сообраќајката е пребрзото возење. Материјалната штета се проценува на 250 илјади денари. Инаку, автомобилот кој го користеле повредените бил од рент-а-кар агенција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди