Вести
Пожар пеплоса куќа – повредени нема
Осумдесет и едногодишна жена остана без кров над главата, откако оган ја проголта нејзината куќа во долнореканското село Врбјане. Пожарот бил пријавен вчера попладне, околу 16 часот и 30 минути во Полициската станица Ростуше.
Куќата, инаку доста стара градба, била зафатена од оган и за кратко време изгорела целосно, информираат од полицијата. Освен домот на старицата, пламените јазици ја пеплосале и нејзината плевна. Пожарот се проширил и на делови од покривна конструкција на два соседни објекти како и на уште една плевна во близина. Со интервенција на противпожарните единици на Дебар и Гостивар, огнот бил локализиран во 17 часот и 45 минути.
Во пожарот нема жртви, ниту повредени лица, а навреме бил отстранет и добитокот, но причинета е значителна материјална штета. Целосен увид ќе се врши во текот на денешниот ден за да се утврдат причините и другите поединости. Жената во меѓувреме е згрижена кај роднини.
Ова е втор пожар во куќа летово во Врбјане. Неодамна мало девојче се здоби со тешки изгореници во пожар во истото село.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди