Вести
Испаничена гостиварка раскажува дека отепала змија во својот дом
„Не можам да поверувам што доживеав. Тоа беше многу страшно за мене. Ја видов змијата зад машината за перење. И ги видов главата и опашот. Бев сама дома и морав да направам нешто. Малку ја повлеков, ја удрив неколку пати и во паника ја исфрлив надвор. Не знам како може да се случи во градот, дома да ти влезе змија“, вака ни раскажа гостиварка која живее во една од бараките на „Илинденска“ во Гостивар, спроти техничкото училиште. Жената со нас сподели и фотографија која вели дека ја направила откако ја извадила змијата надвор во дворот, пред да ја фрли во контејнерот за отпад.
Нејзините соседи велат дека населбата е сосема несредена и запуштена и не би се зачудиле тука да се кријат змии, иако тие лично до сега немале видено.
На инфективното одделение во гостиварската болница годинава не е примен пациент каснат од змија. Сепак и лекарите сметаат дека екстремно топлото време може да ги донесе змиите во урбаните средини. Ако некој биде каснат треба да прими посебен серум против змиски отров, од кој моментално на инфективно имаат само неколку дози.
„Третирањето на лице каснато од змија се врши со серум антивиперинум. Ние имаме таков серум, но во многу мала количина, моментално располагаме со два-три серуми“, изјави д-р Драган Наумовски, инфектолог.
Змијата од фотографијата на гостиварката наликува на шарка, која спаѓа меѓу најраспространетите влекачи во светот. Сепак за каков вид станува збор, со точност не може да се утврди.
Од информациите на интернет може да се прочита дека во Македонија живеат два вида на шарки: лутица и остроглава шарка. И едната и другата се отровници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди