Македонија
„Пратеници туку така не исчезнуваат, не знаеме дали е киднапиран“, изјави Мицкоски

„Не знаеме физички што се случува со човекот, пратеници туку така не исчезнуваат, тие заедници што тој ги наведе во својот фејсбук статус како што се САД и ЕУ, претседателот на државата што е најодговорен во вакви ситуации, заедно со претседателот на Владата до сега немаат јасен став до околу тоа каде се наоѓа пратеникот. Не знаеме дали е киднапиран и држан без своја волја, ако сакал да гласа против, ќе дојдеше и ќе си гласаше против. Вака се отвора простор за многу шпекулации, изјави од различни извори, точни или неточни, но она што е јасно е дека власта се препелка во живата кал, ова е срам за демократијата, срам за вредностите кои се наведени во тој статус. Се очекуваше такво нешто да се случи, уште вчерашниот ден, ако мислите дека не сме го очекувале, се лажете. Ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, треба да се запраша човек дали вреди да се занимава со политика во оваа наша Македонија, додека оваа власт предводена од Зоран Заев постои. Тоа се методи од 16-17 век и кај мене предизвикаа чувство на гадење.“, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и рече дека ќе чекаат до полноќ да видат што ќе се случува и дали ќе се појави пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава