Вести
Празник Божиќ за верниците католици
Празникот на раѓањето на Исус Христос, Божиќ денеска според Грегоријанскиот календар го слават верниците од католичка вероисповед. Божиќ, освен Римокатоличката црква и западните цркви, денес го празнуваат и православните цркви кои на крајот на минатиот век го прифатиле Грегоријанскиот календар.
Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. На 7-ми јануари, Божик според Јулијанскиот календар ќе го прослават Македонската, Руската и Српската православна црква, Руската загранична црква, Ерусалимската патријаршија и Света Гора.
Согласно Законот за празници, денешниот ден е неработен за верниците од католичка вероисповед.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот