Поврзи се со нас

Гостивар

Приватните стоматолози најавуваат протест под мото „Стоматологијата на респиратор“

Објавено

на

Здружението на приватни стоматолози и доктори по дентална медицина најавува протест, во знак на незадоволство од неизнаоѓање конечно решение за последиците кои ги трпи оваа фела од ковид кризата.

„Во изминатиот период ЗПЗСУ ПДДМ иницираше средби за подобрување на неподносливата ситуација на стоматолозите и оствари почеток на преговори, но не резултираа со завршница. Иако здружението пред 4 месеци побара динамиката на преговори да продолжи, до ден денес останавме без повратен одговор од министерот за здравство. Земајќи го предвид фактот што во изминатиот период се случи покачување на приходите од страна на ФЗО на име „капитација“ за здравствените установи во мрежата од општа стоматологија, а притоа не земајќи го предвид фактот што расходите четирикратно се зголемија, а паралелно поради ковид кризата се покачија и сите останати трошоци, стоматолошките здравствени установи не можат да ги исполнат законските услови од четвртиот пакет мерки за помош на владата и да земат финансиска помош.

Дополнителен факт е што во општа стоматологија преку 800 тимови се со помалку од 1.500 капитирани пациенти кои и до сега не беа во можност да ги покријат основните трошоци за да би исплатиле минимални плати по тим, а оваа година посебно во изминатите месеци, дополнително се влоши финансиската ситуација заради рестриктивниот режим на работа и отсуството на пациентите поради страв од корона инфекции. Следствено на тоа, намалените приходи од интервенции ги доведе овие приватни здравствени установи пред ситуација на затворање и банкрот.“, наведуваат од здружението.

Протестот ќе се одржи на 24 декември преку зум платформата под мотото „Стоматологијата на респиратор“.

Во прилог на протестот здружението доставува неколку барања до Владата, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување: финансиска помош во вид на субвенции кои ќе се исплаќаат, кај сите тимови кои имаат склучено договор со ФЗО, а имаат под 1.500 капитирани пациенти, ФЗО да им доисплати сума до 1.500 капитирани пациенти, кај установите кои работат надвор од мрежа да се исплатат минимални бруто плати за вработените, месечна финансиска помош за сите стоматолошки приватни здравствени установи за користење надстандардна заштитна опрема поради ковид пандемијата, промена на уредбата на Владата за утврдување на мрежа во општа стоматологија наместо 1.000 жители на еден тим – стоматолог и сестра, тоа да биде согласно Европскиот просек од 1.500 до 2.000 жители на еден тим и др.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 44 минути

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 2 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 15 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 16 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 18 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 19 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 20 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 21 час

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена