Вести
Продолжија обвинувањата кон општина Гостивар – денес прес одржа Садику
Нови обвинувања кон општина Гостивар за негрижа и опструкции во работата на училиштата. Денес, прес конференција одржа директорот на ОУ „Единство“, Мерсел Садику, кој како главни проблеми ги истакна блок-дотациите и согласностите за вработување.
„Ние како училиште ги направивме сите подготовки за успешен старт на новата учебна година. Оваа година за прв пат се соочуваме со проблеми поради тоа што не се префрлени блок дотациите предвидени за одржување на објектот. Друг проблем е непотпишувањето на согласностите од страна на општината за замена на кадарот кој е на боледување или се пензионирал. Конкретно се работи за пет вработувања и ако не се направат замените се отежнува наставниот процес. Се надевам дека во иднина нема да мора да излегуваме со жалби и критики за општината. Според мене најдобро е да имаме добра соработка, работите да мрднат од мртва точка, а резултатите и бенефитите ќе ги почувствуваат сите наши ученици.“, рече Садику.
Директорот потенцираше дека работните групи на училиштето добиле проект од УСАИД вреден 20 илјади евра, за чија успешна имплеметација неопходна е координација со општината и упати апел до градоначалникот Арбен Таравари да се воспостави соработка за добробит на учениците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар