Локални избори 2022
Проект за модерен и инклузивен плоштад во Гостивар презентира АА/А

Еден од проектите што во предизборната кампања го презентира Алијанса за Албанците/Алтернатива, под мотото „Гласај за Гостивар“ е нов плоштад. Како што е појаснето во презентацијата се работи за уредување на плоштад со вкупна површина од 1.500 квадратни метри, во кој меѓу другото се предвидени услови за движење и одмор на лицата со попречености.
„Централното подрачје ќе се претвори во колку современ, толку и класичен простор. Ќе бидат поставени флексибилни клупи за одмор на граѓаните во различни катчиња, опкружени со зеленило, реновирани фонтани, ќе има посебни ленти за велосипедисти, патеки за движење на мајки со колички, на лица со посебни потреби како и на слепи лица. Просторот ќе се претвори во плоштад за секого“, се наведува во презентацијата.
Друг проект кој деновиве беше презентиран е нов парк со детско игралиште, велосипедска патека и паркинг простор во близина на автобуската станица.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 7 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава