Гостивар
Прослава на Иванден во храмот Свети Никола во Маврово
Во храмот св. Никола во Маврово во чест на празникот Раѓање на свети Јован Крстител – Иванден, беше отслужена света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештеници од гостиварското намесништво.
Митрополитот г.Јосиф во својата беседа меѓу другото нагласи: „Еве денес во овој прекрасен храм во Маврово се присеќаме на животот на овој Божји угодник кој нè поучува сите нас како треба и ние да го живееме нашиот овоземен живот, којшто е привремен.Св. Јован ни дава патоказ, којшто нè води во вечен и блажен живот. Нашиот живот во овој век не е ништо друго освен пат кон идниот век. Па затоа, животот тука треба да го живееме внимателно, бидејќи имаме многу непријатели кои сакаат да не оттргнат и да не одделат од патот којшто води во вечен живот. Затоа и Синот Божји дојде на овој свет. За да ни ги отвори вратите на оној живот, кои ние со нашите гревови сме ги затвориле. Дојде за да ни го покаже патот по којшто треба да одиме, а ние од истиот тој пат сме се оддалечиле. Земниот живот е времен, но преку него се добива или се губи спасението. Да се обратиме со искрена молитва кон св. Јован Крстител и Претеча Христов, чиешто раѓање светата Црква денес го прославува. Да се угледаме брака и сестри на неговиот свет испоснички и подвижнички живот, кој бил исто така и храбар изобличувач на секакви подлости, страсти и гревови.“
На литургијата верниот народ се причести со светите тајни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар