Поврзи се со нас

Македонија

Протест на вработените во културните установи за повисоки плати

Објавено

на

    Средба со надлежните од Министерството за финансии и денеска побараа вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, на третиот ден од протестот што го одржаа пред Владата. Тие уште еднаш го искажаа незадоволството од своите месечни примања.

    Од протестот беше испратен апел министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти.

    „Три дена молк, во кои ги добивме и најновите информации од Собранието, кои говорат дека на вработените во оваа институција, со измени и дополнувања на Законот за Собранието на Северна Македонија, од 23 март оваа година, објавен во Службен весник на РСМ бр 65/2023 година, им се зголемува платата, односно се зголемуваат бодовите по звања и вредноста на самиот бод кој се врзува со минималната плата. Очигледно е дека постои нерамноправност меѓу вработените во јавниот сектор. Едни се во привилегирана состојба, а останатите треба да молчат и да се помират со фактот дека своите работни обврски и задолженија треба квалитетно и навремено да ги извршуваат за плата од 25 илјади денари“, изјави денеска претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски, напоменувајќи дека нема да се откажат од протестот се до исполнувањето на барањата.

    На денешниот протест учестуваа и претставници на Синдикатот на културни работници (СКРМ), кои изразија поддршка, а како што најави Костовски, наскоро очекуваат да им се придружат и нивни колеги од другите министерства.

    „Ако во финансии велат дека потпишувањето на Колективен договор со нашите институции не е во корелација со процеост на фискална консолидација за наредниот срендорочен период, како се оправдува зголемувањето на платите на вработените во ова Министерство? Бараме од Владата и од премиерот да не дозволат ваква поделба на дел од вработените во јавниот сектор. Го бараме само она што ни следува, достоинствена плата за работата и одговорностите што ги имаме. Ова наше незадоволство кое секој ден се изразува преку присуството на вработените, јасно говори дека ние самите сме ги надминале сите предрасуди и поделби и дека сме обединети во нашите заложби за зголемување на платите во секторот култура“, додаде Костовски.

    Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуновски на протестот укажа дека со укинувањето на членот 4 од Законот за плати и други надоместоци за избраните и именуваните лица, платите на функционерите ќе се зголемат согласно коефициентот на сложеност на работното место, кој ќе се множи со просечната плата исплатена на државно ниво.

    Со оваа измена, како што рече, платите на функционерите ќе се зголемат и двојно, а административните службеници треба да бидат задоволни со усогласување на платите со порастот на минималната плата.

    „Надлежните не најдоа за сходно оваа група на вработени да ги удостојат со прием и да ги слушнат нивните барања. Затоа, сакам да го прашам министерот за финансии Фатмир Бесими, дали оваа група на вработени работи помалку сложени работи од вработените во Министерството за финансии? Министерот за финансии се јавува како главен кочничар,  кој не ги одобрува колективните договори, односно не дозволува за одредена група на вработени да се покачат платите како што се покачени во ова Министерство“, рече Трипуновски.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 3 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 5 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 7 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 8 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 9 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 10 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 12 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 13 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 6 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена