Поврзи се со нас

Гостивар

Пуштен во употреба Центар за поддршка на млади претприемачи во Гостивар

Објавено

на

Младите гостиварци коишто сакаат да зачекорат во светот на бизнисот или имаат потреба да работат од далечина добија модерен и иновативен простор да ги остварат своите цели. Во Гостивар официјално е пуштен во употреба Центар за поддршка на млади претприемачи и за работа од далечина. Центарот е отворен преку проектот CoWork кој има за цел да ги мотивира младите претприемачи за спроведување на нови креативни идеи.

Младите ќе можат да ги користат канцелариите, опремени со соодветни ИТ уреди, интернет и други помагала 24 часа за симболична членарина, сума која ќе се користи за покривање на основните трошоци.

Проектот го спроведува организацијата YEP, a финансиски е поддржан од Општина Гостивар и спонзори.

„Кога од младинската организација ни ја кажаа својата идеја за ваков Центар, кој е навистина модерен и по примерот на Запад, веднаш ја дадовме нашата поддршка. Центарот ќе биде од голема помош за сите млади со креативни идеи за нивните почетоци и првичниот развој. Како општина секогаш ќе поддржуваме вакви проекти кои се од корист на младите.“ рече при посетата на Центарот градоначалникот Арбен Таравари.

Корисници на просторот можат да бидат луѓе од различни професии: правници, сметководители, маркетинг менаџери, архитекти, фотографи, консултанти, како и струки кои се тесно поврзани со дигиталните трендови.

Секој член ќе има на располагање, приватно биро, оптички интернет, сала за состаноци, кујна, личен простор за чување материјали и друго.

Центар за поддршка на млади претприемачи и луѓе кои работат од далечина е лоциран во објект кај поранешното кино во централното градско подрачје на Гостивар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена