Вести
Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат на Русија.
Како што пренесуваат странските агенции, овој потег на претседателот на Русија ја финализира анексијата извршена спротивно на меѓународното право.
На почетокот на неделава двата дома на рускиот Парламент ги ратификуваа договорите со кои четирите украински региони се приклучуваат кон Русија.
Формалностите следеа по референдумите организирани од Кремљ во четирите региони, кои Украина и Западот ги отфрлија како лажни
Рускиот претседател го назначи Денис Пушилин за вршител на должноста шеф на Народната република Доњецк, Леонид Пашечник за привремен шеф на Народната република Луганск, Евгениј Балицки за вршител на должноста гувернер на областа Запорожје и Владимир Саљд за привремен гувернер на регионот Херсон.
Вршителите на тие региони управуваат со териториите додека не се изберат шефовите на новите региони во согласност со руските закони на изборите следната година.
Законите, кои Путин ги потпиша денеска, конкретно ги дефинираат границите на новите конститутивни ентитети на Руската Федерација, според кои тие одговараат на оние што „постоеле на денот на нивното создавање и присоединување кон Русија“.
Тие прецизираат дека границите на новите субјекти со други земји ќе се сметаат за државни граници на Русија. Според законите, жителите на новите региони се сметаат за руски државјани од денот кога териториите биле прифатени во Русија на 30 септември.
Оние кои сакаат да се откажат од руското државјанство, сепак, имаат еден месец да аплицираат за тоа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж