Поврзи се со нас

Гостивар

Работилница за превенција на рак на дојка во Гостивар, навременото откривање спасува живот!

Објавено

на

Редовни прегледи и самоконтроли за да се превенира карциномот на дојка, порачаа присутните на работилницата којашто се одржа вечерва во Гостивар под мотото „Розов октомври“, а со цел сензибилизација за рак на дојка. Настанот го организираше Одделението за социјална, здравствена и детска заштита на Oпштина Гостивар во соработка со Здружението на пациенти „Езра“.

„Во месецот на борба против канцер на дојка традиционално организираме трибини и работилници со цел подигнување на свеста за превенција и поголема информираност на жените за болеста, значењето од рано откривање и третман“, рече Имерлие Салиу од општинското одделение.

Градоначалникот Арбен Таравари истакна дека општината секогаш дава поддршка на ваквите активности, со оглед дека се работи за заштита на здравјето.

„Во здравството велиме „Подобро да се спречи, отколку да се лечи“ и затоа е важно да се подигне свеста кај жените за превенцијата“, кажа тој.

Министерот за здравство Изет Меџити посочи дека во здравствениот систем се вметнуваат новини за добробит на пациентите.

„Превенцијата спасува живот. Овој месец почна примената на новиот протокол на упатување на жените за прегледи на дојка што го изготви Националната комисија за рана детекција и следење на рак на дојка во соработка со Мој термин. Целта е рано откривање на рак на дојка, навремено почнување со соодветна терапија, затоа што ова заболување може успешно да се излекува доколку навреме се открие“, рече министерот.

Во стручниот дел од работилницата пред присутните зборуваа радиологот Миранда Рамани Изаири, торакалниот хирург Илир Вела и онкологот Илир Исмаили.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 44 минути

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Македонијапред 2 часа

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија

Спортпред 2 часа

Заврши сезоната во ПМФЛ – ФК Гостивар шестопласиран

Македонијапред 3 часа

Не ги давајте личните податоци! Лажни СМС пораки во име на Владата за „доделување надоместок“

Гостиварпред 3 часа

Две лица тешко повредени во судир на мотор и автомобил во Гостивар

Македонијапред 5 часа

Секој трет граѓанин во Македонија размислува да се исели, најпосакувани се земјите од ЕУ

Вестипред 6 часа

На новооткриената планета со големина на Земјата, ноќите и деновите се бескрајни

Спортпред 7 часа

Црвена Ѕвезда со експресни 3-0 ја освои шампионската титула во АБА лигата

Гостиварпред 8 часа

Деновиве ќе владее променливо облачно време со повремен дожд

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена