Македонија
Расте бројот на новозаразени со ковид-19, денес состанок на Комисијата за заразни болести

Расте бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 во државата. Комисијата за заразни болести напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба, како и за евентуалните препораки.
– Комисијата за заразни болести ќе се состане во 12 часот и на состанокот. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесени на утрешниот состанок, во форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот, изјави вчера за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
Веќе неколку дена по ред, бројот на новозаразени е над 700, а само вчера од 1.774 тестови се регистрирани 792 нови случаи на Ковид-19. Речиси половина од новозаразените во Скопје. Бројот на активни случаи во моментов е 3.595.
Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки.
Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.
Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување.
– При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго (канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра, соопшти Министерството.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја