Технологија
Робот диригираше со Националниот оркестар на Јужна Кореја

Робот од јужнокорејско производство диригираше со Националниот оркестар на Јужна Кореја, на концерт во Сеул за прв пат во историјата на земјата.
Роботот наречен „ЕвеР 6“ со две раце, висок 180 сантиметри, дизајниран од Корејскиот институт за индустриска технологија го имаше своето деби во Националниот театар на Кореја, предводејќи 60 музичари на националниот оркестар.
За време на својот настап, роботот ги впери своите сини очи кон музичарите, не трепнувајќи и тресејќи ја главата во ритамот на музиката. Роботот потоа се поклони пред публиката. Околу 950 гледачи го поздравија со овации.
„Дојдов овде и се прашував дали роботот може да настапи без да направи грешка. Сфатив дека е во совршена хармонија со музичарите. Тоа беше сосема нов свет за мене“, изјави еден од гледачите за АФП.
Сепак, роботот не може да ja слушне музиката или да импровизира во реално време во случај некој музичар да направи грешка.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!