Поврзи се со нас

Македонија

Рурална женска мартовска кампања „ОД ЖЕНА ЗА ЖЕНА!“

Дури 84% од жените од руралните средини истакнале дека Ковид пандемијата имала негативен ефект врз нивниот живот и врз економската сигурност на семејното земјоделско стопанство. Од друга страна, пак, од 160 испитаници, мажи и жени од руралните средини само 28% се изјасниле дека се регистрирани како индивидуални земјоделци, од кои што само 15 се жени!

На прашањето, дали сте користеле поддршка за надминување на последиците од Ковид-19 пандемијата, 92% одговориле негативно. Една од причините зошто е тоа така е дека не се препознаени од системот, односно се невработени, а сепак работат од 9 до 11 часа на нива или на фарма.

Објавено

на

Ова се резултатите од последното истражување кое што го реализираше Рурална Коалиција во периодот јануари-март 2021 година со фокус на програмите и мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но разгледувани од аспект на родова сензитивност и колку истите ги адресираат потребите на мажите и жените во секторот.

„Кога говориме конкретно за Полошкиот регион каде што се наоѓаме денес, најголемиот дел од жените не слушнале за мерката 115 која што е исклучиво наменета за поддршка и економско јакнење на жените, а има жени кои што се регистрирани како индивидуални земјоделки“, велат од Рурална коалиција.

Бидејќи и понатаму жените остануваат невидливи и се дел од неформалната економија, па не се препознаени ниту од системот ниту од државата, Рурална Коалиција во соработка со партнерските организации „Вредни Росомански Раце“, од Росоман и „Радика-Де“, од Дебар организираат промотивна кампања насловена „Од жена за жена“, а по повод март, месецот на родова рамноправност.

„Со оваа кампања сакаме да испратиме силна порака од жените од руралните средини за нивната потреба од економско зајакнување во услови на пост-Ковид ситуација. Но, не само тогаш. Ако ние го имаме квалитетот, го имаме домашното производство, ја имаме храната произведена и преработена со рацете на овие жени, па тогаш нели е тоа доволно за да станат ВИДЛИВИ, но во исто време и економски СИЛНИ? Има многу мерки како да се направи тоа, а ние решивме да почнеме од самите себе, односно купуваме, подаруваме, промовираме производи кои што самите жени ги произвеле. Кампањата ќе се случува во периодот од 08 до 12 март 2021 година во сите осум плански региони. На тој начин, традиционалните производи од волна од реканскиот и дебарски крај ќе завршат во Струмица или во источниот дел на државата, а традиционалните росомански слатка, во краевите каде што за прв пат ќе може да ги вкусат надалеку познатите „речели“ или слаткото од диви капини и шумски плодови. Жените едни на други ќе си подаруваат, ама и ќе се запознаваат со традицијата на жените од другите региони. Преку лепењето на постери, делењето на флаери, како и одржувањето на денешните разговори со жени лидерки од руралните средини ќе ја запознаеме пошироката јавност на локално ниво со традиционалните производи, со резултатите од истражувањето, со предизвиците со кои што секојдневно се соочуваат, но и ќе ја пренесеме пораката дека родовата еднаквост, рамноправност и економска моќ на жената ни е потребна повеќе од било кога претходно. На сограѓаните во Гостивар, Тумчевиште и Врапчиште ќе им поделиме маски како потсетник дека и понатаму треба да останеме безбедни и да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на тие околу нас. Нека ваквата мартовска кампања биде посетник за сите нас дека жените од руралните средини се клучот за одржливоста на руралните средини и дека поддршката на секој од нас за нив е важна. Тоа е и единствениот пат како да се излезе од сенката на невидливоста! Придружете ни се затоа што нашето мото е дека само ЗДРУЖЕНИ МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ!“, вели Лилјана Јоноска, извршна дирекротка на Рурална коалиција.

Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан од Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска

Повеќе информации за кампањата и активностите на Рурална коалиција можете да добиете на телефон 078/303-735 или на е-маил rkoalicija@gmail.com

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 3 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 5 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 8 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 10 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 12 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 13 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 14 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 16 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 16 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена