Гостивар
Саем за вработување и кариера во Гостивар: Агим од Гостивар да работи во Минхен, но и Јосипа од Загреб да работи во Тетово

Во Младинскиот ресурсен центар I Can во Гостивар денес беше отворен дводневниот Саем за вработување и кариера. Над дваесет компании од Полошкиот регион пред младите ги претставуваат можностите за практиканство, обука, вработување, а предвидени се и повеќе дискусии и презентации.
Целта на настанот е директно поврзување на младите невработени лица со приватниот сектор од Полог, пополнување на отворени работни места во компаниите, како и поттикнување дискусија за соодветните модели за младинско активирање на пазарот на трудот.
Во своето обраќање на отворањето на Саемот, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи се осврна на Националната стратегија за развој и нагласи дека во земјава за младите треба да се креираат услови и простор кои ќе ги направат конкурентни на пазарот на труд било каде.
„Честопати зборуваме за тоа како да ги задржиме младите дома, но мислам дека тоа не треба да ни биде цел, ниту треба да ги држиме да прават или не прават било што, туку треба да им креираме услови и доволно сигурен простор во кои тие ќе можат да бидат целосно слободни. Држава во која ќе може да ги реализираат своите потенцијали, но доколку одлучат да ги стават на предизвик и во странство да се сигурни дека се доволно способни за било каде во светот, дека нашето образование и труд ги подготвило. Миграцијата е процес кој овозможува размена и која сите ги прави побогати за искуство, но бегањето не е иста таква приказна, ние треба да се бориме за нашите млади да не бегаат, туку да наоѓаат подобри места за живот или за работа, само така може да размислат да се вратат во нашата земја. Сакам да видам дека Петар од Охрид оди и работи во Брисел на позиција која го возбудува во секоја негова ќелија, но и Ханс од Холандија да дојде да работи во Битола. Агим од Гостивар да работи во Минхен, но и Јосипа од Загреб да дојде да работи во Тетово.“, рече Битиќи.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, зборуваше за активните мерки на Владата насочени кон младите и за нивно вработување и остручување, како и други мерки за поддршка младата генерација.
„Вложувањето во младите е вложување во иднината на една држава, сите сме ја слушнале оваа реченица, која носи длабока и силна порака. Капацитетот и успешноста на младите зависи од тоа колку сите ние создаваме можности и услови за напредок на младината. Во таа насока креирањето на политики кои ќе значат подбри услови на младите на пазарот на труд е приоритет на Министерството за труд и на Владата и преку развиување на системски пристап се соочуваме со сите предизвици. Тука би ги истакнала оперативните мерки за вработување преку Оперативниот план, воведувањето на Гаранцијата за млади, Законот за практиканство, за младински додаток и за младинско учество и политики. Мерката за самовработување на пример има 100% реализаицја, мерката за ИТ вештини исто така 100% реализаицја и генерално самиот Оперативен план за 2021 година имаше 94,6% реализација, со него опфативме 11.292 лица од кои 66% се токму млади до 29 години“. истакна министерката.
Говорници на отворањето беа и претседателот на Советот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.
Саемот продолжува со панел дискусии, тренинзи, мотивациски говори и презентација на Младинскиот ресурсен центар.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022