Македонија
Се‘ поизвесно е дека штрајкот на СОНК ќе продолжи и утре

Учениците најверојатно и по продолжениот викенд, нема да се вратат на настава во училиштата. Нова средба меѓу СОНК и владини претстаници се очекува денес попладне, но според проценките на раководството на синдикатот, се‘ поизвесно е дека штрајкот ќе продолжи и утре.
„До овој момент немаме взаемен договор со ресорните министри, очекуваме потврда за средба попладне, има таков сигнал, но што ќе биде конкретно, подоцна ќе објавиме. Нашето очекување е во интерес на учениците, родителите, децата во градинките, колегите кои штрајкуваат, Владата да смогне сили да изнајде начин, средства, да ги договориме побарувањата кои СОНК ги има доставено. Секој предлог, како и до сега ќе оди на експресна расправа кај членството, изјаснувањето на членството е пресудно за нас. Но, мали се изгледите дека вечер нешто ќе се случи, за да носиме нова одлука. Во овој момент не знам кога ќе биде средбата, се’ поизгледно е дека утре ќе продолжи штрајкот.“, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков на денешната заедничка прес конференција со Сусан Флокен директор на европската конфедерација на синдикатите за образование – ETUCE, која изрази поддршка на синдикатот и процесот на агенерален штрајк.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето