Поврзи се со нас

Забава

Се потсетуваме на сериите кои ги полудеа Тв екраните во 90-тите години

Објавено

на

Во денешно време е лесно да ја најдеш и погледнеш најновата епизода од омилената Тв серија, веднаш штом го доживее премиерното прикажување. Но, се сеќавате ли на времињата кога постоеше само еден Тв канал и мораше да се чека цела недела во определен термин за нова епизода. Ако се пропушти, втора шанса беше само репризата. Нема снимање, нема спуштање од интернет, нема онлајн гледање. Возбудата беше поинаква и токму затоа вреди да се потсетиме на неколку Тв серии што ги одбележаа тие времиња, деведесеттите години.

Беверли Хилс – првата тинејџ сапуница која го раскажуваше секојдневието на богатите средношколци во Беверли Хилс и доселените близнаци Бренда и Брендон Волш од Минесота. Сигурно се сеќавате на нивните ликови како и на другарите: Кели, Дона, Дилан, Стив…Серијата се прикажуваше успешно од 1990 до 2000 година.

Пријатели – Оваа комедија има армија на обожаватели низ целиот свет и останува популарна и денес. Првата епизода е прикажана на 22 септември, а последната  на 6 мај 2004 година. Серијата со неповторливите Рејчел, Џои, Фиби, Моника, Рос и Џендлер доживеа 10 сезони или вкупно 236 епизоди.

Твин Пикс – легендарна Тв серија создадена од Дејвид Линч и Марк Фрост која е исполнета со мистерии почнувајќи од убиството на убавата средношколка Лора Палмер. Главнот лик е ФБИ агентот Дејл Купер, а дејството се одвива во измислен град во Америка.

Итна служба или оригинално ER – Оваа серија може да се прогласи за мајка на „докторските“ серии. Раскажува за случките на итната служба во градска болница во Чикаго. Доживеа дури 15 сезони со снимени и емитувани 331 епизода. Голема заслуга за популарноста на серијата паѓа на холивудскиот шармер Џорџ Клуни како доктор Рос. Секако балканот го памети и хрватот Горан Вишнич во улогата на докторот Лука Ковач.

Тропски горештини – Канадска акциона серија со главниот јунак Ник Слотер, приватен детектив, кој во секоја епизода решава најразлични случаи на убиства, кражби, измами. Освен детективот заводник со шарените кошули, од оваа серија ја паметиме и неговата помошничка Силви Жерард.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена