Гостивар
Се слави 11 Октомври, Денот на народното востание
Денес во Македонија одбележуваат 78 години од почетокот на антифашистичкото востание. Организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата започнало на 11 Октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Ослободителните дејствија продолжиле на 12 октомври во Куманово каде во областа Студена вода бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот одред.
Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг.
Одбележувања се организираат во сите градови. Во Гостивар настанот ќе се одржи во 11 часот, пред споменикот на паднатите борци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград