Поврзи се со нас

Вести

Седнаа на заедничка маса и ветија подобрена комуникација Полиција-Општина во Гостивар

Објавено

на

Повисоко ниво на соработка и подобрена комуникација на релација Полиција-Општина во Гостивар. Во оваа насока беа изјавите кои по денешната средба ги дадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Арбен Таравари. Средбата траеше 40-тина минути, а во кабинетот на градоначалникот дојдоа и заменик министерот за внатрешни Агим Нухиу, началникот на СВР Тетово Амир Далипи и командирот на ПС Гостивар Гази Абдураими.

„ Враќањето на довербата кај граѓаните во полицијата мора да започне преку обновата на врската меѓу локалната самоуправа и централната власт, посебно локалната самоуправа и МВР. Мислам дека најголемиот дел од проблемите кои се случиле во Гостивар се поради немањето соодветна комуникација меѓу полициската станица и локалната самоуправа и со градоначалникот разговаравме на кој начин да ја подобриме комуникацијата. Ако се разговара ќе може да се решат проблемите. Само преку дијалог се подобруваат состојбите. Ако разговарате преку социјални мрежи и медиуми, без да седнете на маса нема резултати и нема успеси“, изјави Спасовски.

 

Таравари рече дека го информирал министерот за инцидентот што се случи во гостиварската гимназија во април и за заканите кои ги добил пред неколку дена.

„Законот треба да важи за сите граѓани подеднакво, без разлика на која политичка партија припаѓаат. Наша перцепција беше дека командирот се однесуваше селективно.  Се надевам дека сега откако седнавме на заедничка маса и разговаравме, во иднина и со асистенција на министерот ќе се воспостават коректни односи“, изјави градоначалникот.

Министерот за внатрешни работи во рамки на својот престој во Гостивар ја посети и Полициската станица.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена