Гостивар
СЕОУ „Гостивар“ го објави огласот за запишување ученици во учебната 2020/2021 година

О Г Л А С
за запишување на ученици во
I (прва) година за учебната 2020/2021 год.
I . БРОЈ НА УЧЕНИЦИ
Во I (прва) година ќе се запишат 442 ученици, во 13 паралелки, (170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик, 238 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за економско – правна и трговска струка од четири годишно траење и според наставните планови и програми од три годишно траење и тоа:
– Македонски наставен јазик
Образовен профил | Број на ученици | Број на паралелки | Минимум поени |
Економски техничар | 68 | 2 | 60 |
Правен техничар | 34 | 1 | 60 |
Бизнис администратор | 34 | 1 | 60 |
Продавач референт за продажни услуги | 34 | 1 | 30 |
– Албански наставен јазик
Образовен профил | Број на ученици | Број на паралелки | Минимум поени |
Економски техничар | 102 | 3 | 60 |
Правен техничар | 68 | 2 | 60 |
Бизнис администратор | 34 | 1 | 60 |
Продавач референт за продажни услуги | 34 | 1 | 30 |
– Турски наставен јазик
Образовен профил | Број на ученици | Број на паралелки | Минимум поени |
Економски техничар | 34 | 1 | 60 |
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да ги исполнуваат критриумите со овој оглас.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
-За I (прва) година :
При пријавување, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– Пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна);
– Оригинални свидетелства од IV до IX одделение;
– Дипломи (доколку имаат), од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрајчје);
– Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање)
Пријавувањето и запишувањето на ученици се врши во еден уписен рок со три пријавувања две во месец јуни и едно во месец јули.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17.06.2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето ќе се објават на 18.06.2020 година.
Целосните огласи на СЕОУ Гостивар со сите услови и уписни рокови може да ги преземете од следните линкови:
Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2020/2021 год Македонски јазик.
Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2020/2021 год Албански јазик.
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар