Здравје и убавина
Што лекува, а што чисти хидрогенот?

Најпрво, мора да се потенцира дека станува збор исклучиво за употреба на трипроцентен хидроген-пероксид. Можете да си го купите во секој аптека и тоа за малку пари, а ќе ви се најде за многу работи, како во домот, така и за вас лично.
За чистење:
Со него брзо и лесно ќе ги дезинфицирате чешмите. Само нанесете малку на крпа и почнете со бришење. Исто така е погоден и за чистење на разни работни површини во кујната, плотните, даските за сечење и слично. Ќе ги уништи бактериите, а не е штетен по здравјето.
За чистење на ВЦ школката ставете околу 100 мл, хидроген пероксид да отстои дваесетина минути и потоа исплакнете со пуштање вода од казанчето неколкупати.
Наталожените наслаги на фугите на плочките во кујната или купатилото, може да ги отстраните со помош на хидгорен. Користете го на ист начин како средство за чистење.
За здравствени проблеми:
За дезинфекција на рани при исекотини, гребнатини и слично, нанесете хидроген. Ќе го спречи крварењето и ќе ги исчисти раните. Делотворен е и против акни.
Оние кои имаат проблеми со габични инфекции на нозете, исто така може да го користат. Едноставно треба да го додадат во леѓенот со вода, во кој ги премиваат нозете. На ист начин, позитивно делува и за омекнување на распукани и груби пети.
Хидроген пероксидот помага и при чистење на насобрана ушна кал. Се ставаат само неколку капки, се чека 10-15 минути да делува, па се лежи на страна за разредената ушна кал да истече надвор сама.
Се користи и против забоболка и премивање на усната шуплина против бактерии и инфекции.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош