Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Силните главоболки поврзани со болката во вратот

Објавено

на

Мигрената, се чини, е меѓу најчестите типови главоболка, но точната причина за оваа, како и за состојбата со интензивни главоболки сè уште не е позната. Сепак, тим од научници од Германија дојдоа до сознанија дека тие непријатни појави веројатно се поврзани со поголемо оптоварување на мускулите на вратот.

Докторите проучувале резултати од магнетна резонанца на 50 пациенти, со цел анализа на поврзаноста меѓу зачестеноста на главоболката, болката во вратот и движењата на мускулите на лицето. Конкретно се сосредоточиле на големите триаголни ткива коишто се протегаат низ задниот дел на вратот и водат до главата и лопатките на рамената. Скеновите со магнетна резонанца направени од научниците покажале дека во деновите кога учесниците страдале од болки во главата и вратот, тие исто така покажале повисоки нивоа на стрес и напнатост на вратот, што укажува на тоа дека тие мускули биле воспалени.

Со други зборови, многу веројатно, силните главоболки се последица на болка во вратот.

Ова посочува дека воспалението во вратот, коешто може да се развие поради неколку причини – лошо држење на телото, недостаток на сон, повреда или стрес, може да биде поврзано со мигрена и силни главоболки.

Нашите наоди ја посочуваат улогата на мускулите на вратот во патофизиологијата на примарните главоболки. Затоа, третманите насочени кон мускулите на вратот може да доведат до истовремено олеснување на болката во вратот, покрај главоболката. Неинвазивните третмани кои директно целат кон местото на болката во мускулите на вратот, на пр. масажа или акупунктура, можат да бидат многу ефикасни и побезбедни од лековите, изјави Нико Солман.

Според Американската фондација за мигрена, двајца од тројца возрасни во САД страдаат од интензивни главоболки, а над 37 милиони Американци страдаат од мигрена. Но, според наводите, сè уште не е пронајден универзален третман и лек.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 3 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 4 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 7 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 8 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 9 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 10 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 21 час

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 23 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена