Поврзи се со нас

Македонија

Синдикатот бара Владата да им помогне на сите вработени погодени од коронакризата

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија бара да се преземат сите напори со четвртиот пакет мерки Владата да им  помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја преживеат кризата, така што ќе можат нормално да се вратат на своите активности кога истата ќе заврши.

„Сите мерки, треба да бидат насочени кон зачувување на работните места, а во меѓувреме да се заштитат од невработеност и загуба на приходи и да се ублажат финансиските загуби. Луѓето кои се болни, кои се грижат за семејството или не се во состојба да работат заради корона вирусот, не треба да страдаат финансиски, па поради тоа, од страна на Владата, потребно е да се обезбеди финансиска помош за сите вработени.“, наведуваат од ССМ.

Синдикатот излезе со повеќе предлози:

1. Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради вирусот или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за  обезбедување на  средства за плата на работниците;

ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено повеќе од 30%, но да се исплаќа директно на сметките на работниците.

Одложување (Мораториум) за сите долгови на семејните домаќинства од 6 месеци кон извршители, банки, државни органи, правосудни органи, чии вкупни примања во семејното домаќинство се помали од Синдикалната потрошувачка кошница.

2. Работниците кои досега користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување.

Да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.

3. ССМ предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на Ковид- 19 да изнесува 100% од основицата утврдена со закон.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со Ковид- 19, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на Ковид- 19.“

5. Насочување кон спроведување на јавни набавки од страна на  Државните органи, исклучиво од домашните компании.

ССМ, поаѓајќи од тоа што националните и светските компетентни институции укажуваат дека оваа нова нормалност предизвикана од Ковид – 19 ќе трае подолг период и во иднина, очекува покрај мерките за субвенционирање и помош, Владата да преземе поголем ангажман за обезбедување на нови инвестиции од домашно и странско потекло и да обезбеди економски мерки за поефикасно прилагодување на компаниите за продолжување на економските потфати со цел да се обезбедат реални и одржливи работни места и обезбедување на егзистенција за сите граѓани.

„Предлагаме еден од условите за обезбедување на финансиска поддршка и инвестиции од страна на Државата да биде синдикалното организирање во компанијата, за да можеме и ние како претставници на работниците да гарантираме и да го контролираме користењето на средствата, покрај другото за плата и социјална сигурност на работниците.“, соопштија од ССМ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена