Поврзи се со нас

Гостивар

Синдикатот реагира: Плата + додатоци за работниците за јануари заради дополнителена работа

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека не е законски работодавачот да ги убедува вработените дека за јануари 2021 година им се исплатила плата во висина на минималната плата, а работниците покрај работата со полн фонд на часови, биле дополнително ангажирани и за работа во празник (во јануари имаше неколку празници), работеле прекувремени часови (повеќе од 40 часа неделно или работеле 6 работни дена, што исто така не е законски- наместо 5 работни дена во неделата), имаат работен стаж (минат труд) повеќе од една година, работеле во смени, работеле ноќе и сл.

„Работникот има право на заработувачка- плата, согласно закон, колективен договор и договорот за вработување. Додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж. Минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време. Платата е составена од: – основна плата; – дел од плата за работна успешност, и – додатоци. Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон. Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните, за определено работно место, како и основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за: 35% за прекувремена работа, 35% за работа ноќе, 5% за работа во три смени, 50% работа во ден на неделен одмор. За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%, а додатоците, меѓусебно не се исклучуваат.“, наведуваат од ССМ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена