Гостивар
Снопче: Менувањето на директорите на училиштата во Гостивар ќе го пријавиме во Антикорупциска

Во седум од вкупно 16 училишта на подрачјето на општина Гостивар, Министерството за образование ги разрешило директорите поставени од градоначалникот и ги вратило на функцијата претходните кадри. Ваквата одлука на денешната прес конференција, раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче ја нарече политичка и скандалозна во време на изборна кампања.
„Министерот, наместо да се осврне на многубројните проблеми кои го зафатија образованието, наместо да се занимава со обезбедување на настава на албански јазик која е загарантирана со закон, наместо да се занимава со исправка на учебниците во кои Албанците фигурираат како народ кој се спушти од планините, каде што во учебниците по музичко сите песни се на македонски јазик, наместо да се занимава со прекинување на тендери во четири очи што се прават во неговото министерство, наместо да се занимава со подобрување на квалитетот во албанските универзитети, наместо да се занимава со откривање на скандали во универзитетските дипломи, наместо да се занимава со зголемување на инвестициските фондови во истражувачките области каде што Македонија го зазема последното место во регионот, тој продолжува да се занимава само со Гостивар. Би било добро да се занимава со Гостивар, но за уредување на кровот на училиштето Гоце Делчев, на пример, каде што децата треба да носат чадори во училниците.“, рече Снопче и нагласи дека документацијата околу промената на директорите ќе ја достават до Антикорупциската комисија.
„Министерот е многу „креативен“ со неговите две одлуки за одземање на надлежностите во образованието, секаде каде што оди се фали токму со овие одлуки.“, изјави раководителката на општинскиот Сектор за образование.
Од Министерството за образование, во соопштение наведоа дека постапуваат законски, по одлука на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Тие ја повикаа општинската власт да не ја вклучува политиката во образовниот процес.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?