Поврзи се со нас

Гостивар

Со собир и цвеќе одбележани 68 години од загинувањето на градителите на ХЕС „Маврово“

Објавено

на

Маврови Анови, 9 февруари 2024 – Денес пред споменикот на градителите во Маврово, се одбележаа 68 години од мавровската снежна трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки животи.

Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите и едноминутно молчење, делегации на АД ЕСМ, Подружница ХЕС „Маврово“, НП „Маврово“ и Здружението на акцијаши од Гостивар им оддадоа почит на загинатите, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово.

„Во недела се навршуваат 68 години од големата февруарската трагедија, која се случи во овој регион. Ноќта меѓу 10 и 11 февруари во далечната 1956 година, од снежните лавини што го зафатија мавровскиот регион загинаа 52 градители на системот, граничари и мештани. Во знак на сеќавање на трагедијата што ги потресе жителите на целата тогашна Југославија, подигнат е овој споменик и од тогаш редовно традиционално се одржува Мавровскиот Меморијал, спортски натпревар во скијачко трчање. Ние вработените во хидроцентралите „Маврово“, секоја година се собираме пред споменикот, положуваме цвеќе и се потсетуваме на големата трагедија. Со ова сакаме да им дадеме до знаење на сите наши вработени, дека луѓето што загинаа во оваа трагедија вечно не‘ задолжија, положувајќи ги своите животи“, рече на собирот Томче Јаневски од ХЕС „Маврово“

Со едноминутно молчење присутните оддадоа почит кон оние кои ги загубиле своите животи во трагедијата во периодот на изградбата на хидроенергетскиот систем.

Споменикот на градителите што e подигнат близу браната во село Маврови Анови ја симболизира нивната храброст и пожртвуваност. На спомен плочата, пак се врежани имињата на сите загинати во снежните лавини.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 11 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 14 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 15 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 15 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 17 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 17 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 18 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 21 час

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена