Поврзи се со нас

Магазин

Совети за поголема продуктивност

Објавено

на

Продуктивноста, како и сè друго – се вежба. Притоа, важно е да се биде искрен кон себе, свесен за своите слаби точки и да се работи на нив.

Лошо е чувството да се легнува навечер со сознание дека не сме направиле апсолутно ништо од планираното за тој ден. А, има и такви денови… И, во ред е ако се исклучок, некогаш човек треба да се одмори, а некогаш едноставно нема волја или енергија да биде продуктивен. Но, што ако, ден по ден, постојано ги одложуваме работите, ги одолговлекуваме задачите и само „се влечеме“ од точката А до точка Б, со усти „полни планови“ коишто не успеваат?  Тогаш тоа е веќе проблем што треба да се реши со стручно лице.

Советот гласи: Разговор со психолог.

Во позадината на сè тоа може да има посериозни нешта од едноставна мрзеливост. На пример – опсесивно компулсивно нарушување, депресија или синдромот на невнимание. Меѓутоа, ако ништо од тоа не е случај и всушност сме само мрзливи, продуктивноста и делотворноста се вежбаат, се подобруваат, како на пр. и трчањето, учењето, самодисциплината…

Следат неколку начини за зголемување на својата продуктивност, т.е. да се постигне што е можно повеќе од она што е зацртано за денеска и да се биде задоволен со себе.

Научете да кажете: Не!

Важно е да се знае како да се постават граници. Во спротивно, ќе бидете роб на туѓите потреби, желби и каприци и секогаш ќе бидете зафатени и „растргнати на сто страни“… Тоа, несомнено, е фрустрирачки и демотивирачки. Но, никој друг не е виновен за тоа освен самите вие. Кога се почитувате себеси и своето време, полесно е да се каже „не“ на сè што не е важно. Тоа „не“ се практикува. Се почнува со мали нешта: кажете му „не“ на телефонскиот продавач кој се јавува во лошо време, на службеничката на шалтер во банка која нуди непотребни „поволности“ и услуги, на познаникот со кого не сакате да излезете на кафе, на пријателот што позајмува пари, но никогаш не ги враќа, на партнер /-ка што не ве почитува…

Медитирање

Тоа помага да се зајакне концентрацијата, сосредоточеноста на она што е важно. Вештината на медитација ја поттикнува креативноста, смирува и на тој начин нè прави попродуктивни. Медитација може да бидат и едноставни техники на дишење коишто ќе помогнат да се префрли насоченоста однадвор кон себе… Лаички кажано – „да се склопите“ себеси и на крајот да си верувате себе и на своите чувства, претчувства и знаење.

Работата за денеска – завршете ја денеска, испланирана синоќа!

Успешните луѓе имаат една тајна: Денот го почнуваат со точно дефиниран распоред. Не го склопуваат во девет часот, по пиењето кафе, туку претходната вечер. Советот гласи: Запишете ги сите задачи што треба да ги направите следниот ден.

Подредете ги – од најважните и најтешките до најмалку важните, и обидете се да ги направите по тој редослед. Може и да се пречкртаат завршените задачи. Со тоа се развива чувството, а со тоа и мотивација да се продолжи.

Познавачите велат: Не одете на спиење без план за следниот ден!

Без одложувања и одвлекувања на вниманието!

Во денешно време, кога пораките и известувањата се составен дел од животот и сè нешто „ќе потсвирне“ некаде, концентрацијата е сè потешка. Затоа, се советува да се исклучат известувањата за е-пошта, Фејсбук, Икс и сл., на пр., додека се работи на нешто битно. Познато е дека никогаш не одзема само пет – 10 минути, туку тоа редовно преоѓа во барем половина час, а и многу повеќе.

Може, исто така, да се одредат и еден или два дена во седмицата за „без работа“. Во тие денови, потрудете се – без состаноци и без деловни телефонски повици. Според стручњаците, ако се почне со примена на сите овие совети уште денеска, за една седмица ќе се почувствуваат позитивни промени.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 9 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 13 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 14 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 16 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 18 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 19 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена