Магазин
Како да се грижите за божиќната ѕвезда за да ви трае подолго
Божиќната ѕвезда, според мексиканската легенда, ги отвора своите црвени лисја на Божиќ и е прекрасен подарок за сите. Со децении е најпопуларното растение за новогодишните и божиќните празници, но е многу чувствително и треба голема грижа. Ако добро се грижите за него, може да трае долго.
Кога купувате божиќна ѕвезда, внимавајте дали е цврста и густа. Не треба да има жолти листови, но треба да бидат со убава боја и правилна форма. Имајте на ум дека ова растение е особено чувствително на промени во температурата, па дури и транспортирањето до дома може да го уништи доколку температурите се многу ниски. Затоа треба да се купува во продавници каде цветот не бил изложен на студ.
По купувањето, добро е постепено да го внесувате во куќата за да се аклиматизира, а не веднаш да го внесувате во дневната каде што е температурата, на пример, 23 степени, па така, оставете ја некаде во ходникот, каде што не е толку топло, за да се навикне, па потоа внесете ја во просторијата каде што ќе ја чувате.
А во продолжение неколку совети за божиќната ѕвезда да ви трае долго:
Температура
Божиќната ѕвезда треба да се чува на топло место, но не во близина на радијатори, отворени прозорци или навлажнувачи на воздух за да не се исуши. Најдобро одговара на дневна температура од 15 до 21 °C, а ноќе не под 18 °C. Навечер по можност да нема вештачки светла околу неа. Откако ќе ја ставите на местото што и одговара, не ја поместувајте.
Влажност и наводнување
Почвата треба да биде воздушна, измешана со перлит (амфорно вулканско стакло кое има релативно висока содржина на вода) за да не се задржува водата долго во неа. Секојдневно проверувајте ја влажноста на почвата и полевајте ја ако е сува, а вишокот вода фрлете го од чинијата. Водата може да биде од чешма, иако е подобро да ја оставите да отстои еден ден.
Најдоброто место
Ова божиќно цвеќе сака сончева светлина и претпочитува западни, источни и јужни прозорци. Ако можете, избегнувајте ги северните прозорци бидејќи тогаш нема доволно светлина. Исто така, не е добро ако е изложено директно на сонце.
Што ако цвеќето го промени изгледот?
Ако листовите се жолти, паѓаат и се сушат, растението најверојатно не одговара на температурата во просторијата, воздухот или местото. Ако цело цвеќе овене, многу е веројатно дека треба да се најде ново место за чување. Исто така, ако листовите станат жолтеникави, проблемот е веројатно количината на вода, има или премногу или премалку.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ