Поврзи се со нас

Вести

Совети за заштита од кражби и злоупотреба на лични и банкарски податоци

Објавено

на

Народна банка излезе со совети за заштита на електронските уреди со цел намалување на ризиците од кражба и злоупотреба на лични податоци и податоци за банкарски сметки. Советите ги пренесуваме во целост:

-Поставете лозинки и заклучете го екранот на вашиот компјутер , таблет или мобилен телефон така што вашата опрема нема да може да се користи од страна на трети лица.

-Не давајте дозвола за автоматски пристап (преку согласност за зачувување на корисничко име и лозинка) до страници или апликации со ваши доверливи информации (лични податоци и податоци од сметки на финансиски институции пред сè).

-Ажурирајте го вашиот оперативен систем и антивирусен софтвер на целата ваша опрема. Одржувајте го заштитниот ѕид (firewall) активен.

-Избегнувајте користење на јавна опрема (пр. компјутери), кога сакате да спроведувате банкарски трансакции или плаќања. А доколку морате, никогаш не дозволувајте меморирање на корисничкото име и лозинка за влез во електронско банкарство , како и на картичката со која плаќате он-лајн.

-Заштитете го вашиот уред, исклучете го Bluetooth во секое време, користете го освен кога ви треба, бидејќи е подложен на хакерски и сајбер напади. Хакерите користат специјализирани софтвери кој автоматски ги откриваат блиските уреди коишто имаат вклучен Bluetooth . -Хакерите потоа можат да ви испратат малициозен софтвер на вашиот уред, да ви испратат шпионски програми, и да ви украдат податоци од вашите текстуални пораки и апликации.

-Грижете се за својот уред, особено ако имате инсталирано дигитален паричник, што овозможува вршење на платежни трансакции (иако апликацијата за плаќање преку уредот е секако претходно заштитена со лозинка).

-Внимателно користете го и чувајте го на безбедно ОТП токенот доделен од банката за добивање еднократни лозинки за потврда на вашите е-трансакции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена