Поврзи се со нас

Вести

Советот на млади на Гостивар годинава со триесетина настани и активности

Објавено

на

Четвртата година од своето постоење, Советот на млади на Гостивар ќе ја исполни со настани и манифестации од разни области, во кои ќе биде вклучена младата популација од гостиварското подрачје. Програмата за работа на ова тело за 2017-та беше усвоена на последната седница на општинскиот Совет и таа предвидува триесетина активности. Преку нив се цели на промовирање на млади таленти, зближување на младите од различни етнички заедници, едукација за одредени проблеми и друго.

„Како поважни цели би ги издвоила едукација на младите за проблеми со кои се соочуваат, негување и развој на добри меѓуетнички односи, поддршка и промоција на таленти, јакнење на свеста за демократските вредости како создавање услови за практично искуство на студентите и младите луѓе“, информира потпретседателот на Советот на млади на Гостивар, Симона Лазарова.

Програмата содржи организирање на Олимпијада на народни игри, кошаркарски и шаховски турнири, одбележување на Ден на здравјето, Ден за борба против СИДА, промоција на книги, кино проекции во летниот амфитеатар, уметничка колонија како и редовната Недела на млади која се спроведува во есенските месеци.

Програмата на Советот на млади се финансира со средства од општинскиот буџет на Гостивар. Годинава за оваа намена се издвоени еден и пол милиони денари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена