Спорт
Србија и САД први полуфиналисти на СП во кошарка
Кошаркарите на Србија се првите полуфиналисти на Светското првенство, откако попладнево во воведниот четвртфинален дуел убедливо ја совладаа Литванија во Манила со 87-68 (24-25, 25-13, 24-17, 14-13).
До место меѓу четирите најдобри селекции на кошаркарскиот Мундијал што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, репрезентацијата на Србија ја предводеше Богдан Богдановиќ со 21 поени, додека Тадас Седекерскис со 14 кошеви беше најефикасен во литванските редови.
Србија во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Канада и Словенија, кој е на програмата утре.
Американците се пласира во полуфиналето на Мундобаскетот убедливо совладувајќи ја Италија со 100:63 во арената во Пасај. По првото полувреме имаа предност од 46:14. Во последниот период Италијанците пружија нешто поцврст отпор, но недоволно за да го загрозат победникот.
Најефикасен на мечот беше Микал Бриџес, кошаркарот на Бруклин со 24 поени и 7 скокови. Кај Италијанците се истакна Фонтекио со 18 поени и пет скокови.
САД во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Германија и Летонија, кој се игра утре.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот