Поврзи се со нас

Гостивар

Средба на гостиварската општинска власт, еколозите и Вардар Доломит

Објавено

на

На иницијатива на еколозите, локалната самоуправа на Гостивар наредниот период ќе оди во посета на фабрики и фирми со цел да се разговара околу состојбите со загадувањето на воздухот, преземање на заштитни мерки и почитувањето на еко стандардите.

За да се контролира аерозагадувањето, неопходно е да се изработи Регистар на загадувачи, порача Ахмет Салмани, претседател на здружението ЕкоГв.

„Гостивар не е индустриски град, а имаме многу загаден воздух. Кога се вршат инспекции, Министерството за екологија вели фирмите со А еколошка лиценца се уредни, не загадуваат. Истото го велат и општинските инспектори, за фирмите за кои тие се надлежни да вршат инспекции. А проблемот реално постои, воздухот е загаден. Еден од главните проблеми е што немаме Регистар на загадувачи. Тоа е нешто што општината мора да го сработи, да знаеме кои се изворите на загадување, со што се загадува и во тој регистар ќе стои и кои се ефектите на супстанците со кои се загадува воздухот загадувачи“, рече Салмани

Серијата посети, започна од компанијата Вардар Доломит, една од неколкуте на гостиварското подрачје, која има А интегрирана еколошка дозвола.

Од компанијата, која дневно троши по еден тон мазут, рекоа дека работат според прописите и стандардите и дека се подготвени кога ќе се гасифицира градот, да го заменат мазутот со гас.

„Редовно вршиме мониторинг, ги имаме соодветните филтри и ги исполнуваме сите параметри. За тоа што користиме мазут, се надеваме дека во што поскоро време ќе има гасификација и подготвени сме први ние да ги внесеме гасот како реагенс за согорување“, изјави Ремзи Абдулаи, директор на компанијата.

Градоначалникот Арбен Таравари рече дека општината веќе започнала со изработка на идејниот проект за гасификација. „Како локалана самоуправа сакаме да помогнеме за побрзо гасифицирање, и на пример за една до две години да се почне со прва фаза во која ќе бидат опфатени фабриките,  училиштата и болницата, кои како енергенс користат мазут.“, рече градоначалникот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена