Поврзи се со нас

Македонија

Стартува граѓанската обврзница, првата аукција на 13-ти јули

Објавено

на

Граѓаните од денеска можат да почнат постапка за купување, односно запишување граѓански обврзници – нов финансиски инструмент на домашниот пазар. Министерството за финансии го објави проспектот за првата аукција на вакви обврзници на износ од 600 милиони денари. Минималната сума која може да се запише е 10 илјади денари. Купонската камата ќе изнесува пет проценти, а рочноста е две години.

-Новиот финансиски инструмент на пазарот носи бројни придобивки, како за граѓаните, така и за економијата во целина. Средствата кои ќе се мобилизираат преку аукцијата на граѓанските обврзници, ќе се искористат за буџетски потреби – за тековни потреби и за развојни цели и инвестиции во трајни добра, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Овие средства, посочи премиерот, преку буџетот ќе бидат повторно инјектирани во стопанството, како преку потрошувачката, исплатата на плати и пензии, така и преку инвестициски активности. Тие ќе ја придвижат економската активност, што ќе придонесе кон забрзување на економскиот раст, рече Ковачевски.

Како што појасни министерот Бесими, граѓаните преку комерцијалните банки можат да достават барање за учество на аукцијата и да извршат уплата на паричниот износ за кој сакаат да купат обврзници до 12 јули, односно еден ден пред аукцијата кога точно ќе се знае интересот.

-По одржување на аукцијата, обврзницата ќе им биде издадена на имателите, односно ќе биде запишана на нивно име. Проспектот е издаден на 600 милиони денари, односно толку граѓански обврзници државата првично планира да издаде. Износот на една обврзница е 10 илјади денари. Каматната стапка е пет проценти,  а рокот на доспевање две години. Тоа значи дека ако граѓанин инвестира во 10 обврзници односно 100 илјади денари,  ќе добие принос на крајот на првата година  5 илјади денари, наредната година уште  5 илјади денари или вкупно 10 илјади денари на инвестицијата. Другата предност е тоа што граѓаните ќе имаат можност доколку имаат потреба во тие две години да ги продадат, а придобивката е и во насока на борбата против сивата економија, појасни Бесими.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 8 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 10 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 12 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 13 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 14 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 15 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 16 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 17 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена