Македонија
Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година
Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци, за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачки институции во Велика Британија за 2022 година.
Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.
Условите за конкурирање, како што објави Министерството за образование и наука, се завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8.00, одлично познавање на англискиот јазик, кандидатите да не се постари од 30 години и да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.
Во објавата на МОН се достапни информации за документите кои се потребни за конкурирање, начинот на поднесување на апликациите и линкови и контакти за повеќе детали за стипендиите.
Рокот за поднесување на документите е 1 март 2022 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија