Македонија
Студентите од Факултетот за безбедност на обука во кампот на МВР во Лазарополе

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност- Скопје, Никола Дујовски беа во посета на кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе, каде што студентите од Факултетот за безбедност се на практична настава – логорување.
Министерот Спасовски имаше можност одблиску да ги проследи практичните сценарија реализирани од страна на студентите кои се однесуваат на: начини, формации и тактики на движење при совладување на отворен и пошумен простор, тактики на движење во затворени објекти, заседа и блокада, гаѓање со вежбовен школски пиштол и вежбовна автоматска пушка – AIRSOFT опрема.
Министерот Спасовски и деканот Дујовски се дружеа со студентите, а министерот ги охрабри уште попосветено да ги совладуваат теоретските и практичните цели на обуката, затоа што безбедносниот систем има потреба од врвно едуцирани и подготвени млади луѓе кои ќе се вклучат во реализацијата на безбедносните практики во државата, соопшти МВР.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја