Гостивар
„Сурфај, но внимателно споделувај“ – полицијата ќе им држи часови на ученици во Гостивар и Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово од денес започна со реализација на превентивно-едукативниот проект со наслов „Сурфај, но внимателно споделувај“, чија главна цел е учениците да се заштитат од можни злоупотреби на социјалните мрежи.
Со проектот вкупно ќе бидат опфатени околу 3.500 седмоодделенци од 92 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје, кои следат настава на македонски, албански и на турски јазик.
Од СВР информираат дека стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснуваат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови.
Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознати и со законските последици доколку тие случајно или намерно злоупотребуваат лични податоци на други лица.
Носител на проектот е Отсекот за превенција, во соработка со локалните самоуправи. Планирано е проектот целосно да заврши до крајот на идниот месец.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести