Поврзи се со нас

Гостивар

Свечена промоција на матурантите во средното техничко училиште во Гостивар

Објавено

на

Средното техничко училиште во Гостивар денес организираше свечена церемонија на која беше промовирана новата генерација матуранти. Свеченоста се одржа во дворот на училиштето, каде беа промовирани 155-те ученици кои годинава излегуваат со димплома за завршено средно од овој образовен центар на трите наставни јазици: македонски, албански и на турски.

„Драги матуранти, почитувани родители и професори без кои не можеше да се реализира успешно онлајн наставата, ви благодариме што бевте упорни овие матуранти и покрај ковид 19 да ја завршат учебната година, така како што треба. Знам дека ние ќе продолжиме да се гордееме со нашите ученици и понатаму, им посакувам најголеми успеси“, рече Аслијан Снопче, раководителка на општинскиот Сектор за образование.

Честитки и желби за натамошен успех на матурантите им посака и директорот на училиштето Бесир Салиу.

„Имам голема чест денес и се гордеам со вас и она што го постигнавте. Ви посакувам здравје и успеси во вашите кариери и во иднина“, рече Салиу.

Свои кратки обраќања пред присутните имаа и замениците директори на училиштето.

На свеченоста беа прогласени учениците на генерацијата. Годинава оваа титула им припадна на Мирјана Петреска од македонските паралелки, Семира Елези од албанските и Ариф Скендеровски од паралелките на турски јазик. Пофалници им беа доделени и  на други матуранти од секој смер, кои постигнале добри резултати во текот на образованието.

Атмосферата беше надополнета со торта со симболична матурска  декорација, која ја пресекоа учениците на генерацијата, а свеченоста традиционално се заокружи со фрлање на капите.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена