Поврзи се со нас

Вести

Светиот крст за Водици во Гостивар го фати Панче Ѓурчиновски

Објавено

на

    Годинава, светиот крст за Водици во Гостивар заврши во рацете на 30 годишниот Панче Ѓурчиновски. Тој ја имаше најголемата среќа меѓу триесетината млади гостиварци, кои скокаа по крстот во Вардар.

    И оваа година прославата на големиот христијански празник Богојавление Водици во Гостивар донесе величествена атмосфера и ги наполни срцата на верниците, кои масовно ја поддржуваат манифестацијата.

    Прославата на Водици започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“, на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување и го положи светиот крст во реката.

    Верниците кои присуствуваа на чинот на осветување на водите и положување на крстот во реката, на најсреќниот што го фати крстот, му посакаа здравје, радости во животот и бериќет. Организацискиот одбор на Панче му подари икона.

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена