Гостивар
Светски ден на книгата – Читањето го намалува стресот

Денешниот датум, 23 април ширум светот се одбележува како Светски ден на книгата. Празникот на најголемиот извор на знаењето се слави под покровителство на УНЕСКО. Преку најразлични активности се промовира читањето и книгите, се дава поддршка на издавачите и се укажува на важноста на заштитата на авторското право.
Почетоците за одбележување на денот се бележат во Шпанија, во далечната 1923 година. Продавачите на книги меѓусебно се договориле да му оддадат почит на славниот Мигел де Сервантес, автор на „Дон Кихот“, кој починал токму на оваа дата. Претходно во Шпанија тој ден се славел како Ден на розите и луѓето меѓусебе си разменувале рози. По предлог на сопствениците на книжарниците, почнале наместо рози, да си разменуваат книги.
Во 1995 година, УНЕСКО решава да го официјализира датумот како Светски ден на книгите, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, токму на истиот овој датум. Во Шпанија, прославувањето на овој ден подразбира дводневен читачки маратон на популарното дело „Дон Кихот“ на Сервантес.
Придобивки од читањето има многу. Кој редовно чита книги, секој ден учи нешто ново. Можете да загубите работа, имот, пари, дури и физичко здравје, но никој не може да ви го одземе знаењето. Читањето книга не само што ни помага да го одржиме постојното ниво на знаење, туку и да го прошириме. Читајќи постојано го снабдуваме нашиот мозок со нови информации, кои никогаш не знаеме кога може да ни требаат во животот. Колку повеќе знаеме, ние сме подготвени да одговориме на различни предизвици со кои се соочуваме во животот.
Не само што со читање стануваме посмирени, туку нашиот ум станува бистар и побогат. Една американска невролошка студија докажа дека читањето книга е важна во животот на секој човек, од неговото детство до подоцнешните години. Луѓето кои во текот на целиот свој живот читаат на дневна основа, имаат развиено ментални способности и поголема меморија во сите периоди на животот.
Според една научна студија, само 6 минути читање дневно го намалува нивото на стрес за неверојатни 68%.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар