Поврзи се со нас

Вести

Свикана седница на Совет – Гостивар ќе оди на времено финансирање

Објавено

на

Планирањето и трошењето на општинските пари во Гостивар ќе се одвива со  времено финансирање до донесувањето на буџетот за 2018-та година. Претседателот на Советот, Насир Муслиу за Gostivarpress.mk потврди дека свикал седница за 24-ти јануари на која на дневен ред ќе се најде предлог одлука за времено финансирање на општината. Тоа значи дека ќе има услови за исплата на платите на наставниците и локалната администрација, но и дека за сега нема ништо од донесување на годинешниот буџет.

Според Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, доколку Советот не изгласа буџет до 31 декември, треба да донесе одлука за времено финансирање и финансиски план за нејзино спроведување за период од 1 јануари до 31 март. Во тој случај градоначалникот одобрува исплата на средства по сметки, потпрограми и ставки од буџетот, но најмногу до една третина од висината на  расходите за тој период од претходната фискална година.  Колкава ќе биде точно сумата која градоначалникот ќе смее да ја одобрува ќе пресмета Министерството за финансии.

Доколку и по истекот на временото финансирање (до 31 март), не се донесе буџетот, се создаваат услови за самораспуштање на Советот, за што треба да се изјасни мнозинството од вкупниот број на членови.

Предлог буџетот на општина Гостивар за 2018 изнесува 16,8 милиони евра. Документот до сега не се изгласа поради политичките поделби меѓу мнозинството во Советот и локалната власт.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена