Поврзи се со нас

Вести

Во сабота на гостиварскиот плоштад акција за помош на семејството Јосифоски

Објавено

на

Сторијата за семејството Јосифоски од гостиварската населба Циглана која ја објавивме пред два дена, ја поттикна хуманоста кај сограѓаните. Во сабота на градскиот плоштад во Гостивар, волонтери организираат хуманитарна акција за собирање на донации за која и Gostivarpress.mk како медиум ја дава својата поддршка. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 10 до 11 часот, а сите кои се заинтересирани да донираат, контакт со волонтерите може да остварат на тел. 078 247 111.

Организаторите на саботната акција апелираат граѓаните да се вклучат во што поголем број и да помогнат со она што најмногу му е потребно на семејството во моментот: храна, средства за хигиена и парични средства.

Како што пишувавме, Милотин и Гајта со ќерката Радица живеат во мизерни услови, во една соба, без купатило, со социјален надоместок кој не може да им ги покрие основните потреби за храна и лекови. Радица има пречки во развојот, таткото се соочува со здравствени проблеми, што дополнително им го отежнува животот. Соочено со безизлез и очај, семејството побара помош преку медиумите.

Директен контакт со семејството на тел: 078-743-519

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена