Локални избори 2017
СВР Тетово: Фер кампања и демократско однесување без кршење по штабови и оштетување на изборни материјали
Секторот за внатрешни работи Тетово преку соопштение ги потсети учесниците во изборната кампања на Локалните избори на фер, коректно и демократско однесување и на доследно и безрезервно почитување на законската регулатива.
„До учесниците во кампањата, посебно се апелира да внимаваат кога, каде и како го истакнуваат нивниот пропаганден материјал (плакати, фотографии, транспаренти и слично) или поконкретно – тоа да го прават исклучиво на наменски определените места од локалните самоуправи. Во спротивно, ќе се соочат со соодветни пријави и санкции, предвидени во Изборниот и Законот за јавна чистота. Со пријави и законски последици ќе се соочат и сите оние кои на најразлични начини ќе учествуваат во оштетување на партиските изборни реквизити, штабови и слично, како и оние кои пред или по собирите ќе го нарушат јавниот ред и мир. Покрај ова, се укажува, исто така, и на целосна имплементација на законските прописи, норми и стандарди, кога станува збор за организирање на јавните собири, митинзи, промоции и други форми на предизборно претставување, посебно кога се определува просторот, времето и мерките за нивно непречено и безбедно одржување“, се вели во соопштението од полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија