Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари на презентација за инклузивност: Гостивар е пример за другите градови!

Објавено

на

Какви се условите во Гостивар за вклученост на лицата со посебни потреби во заедницата, образованието, пазарот на трудот, процесите на донесување одлуки и други области? Овие теми се опфатени во проектот „Инклузивно партнерство во заедниците“, во чии рамки денес во Гостивар беше организирана презентација. Целта на проектот е да развива ефективен модел за подобрување на административните капацитети за достапни локални услуги по мерка на лицата со попречености.

На презентацијата учествуваше градоначалникот Арбен Таравари.

„Честопати знам да кажам дека Гостивар е мала Македонија, инклузивен по повеќе работи. Прво што тука живеат и работат заедно повеќе етникуми, Албанци, Македонци, Роми, Турци и функционираат така, како што треба. Другажо  е инклузивноста којашто е по верска припадност и во тој поглед функционираме прилично добро. Значи, Гостивар може да биде добар пример за целата држава. Трето е инклузивноста на лицата со посебни потреби. Во изминатите две години, како раководиме со општината, не постои ден на некоја посебна група којшто се одбележува во светот, што и ние да не сме го одбележале. Не постои невладина организација или луѓе со посебни потреби коишто општината не ги посетила да ги праша што се нивните потреби, како можеме да им помогнеме и да го олесниме нивното секојдневие. Работевме на реновирање на Дневниот центар за деца со посебни потреби, кој за жал е во состојба која никој не посакува да ја види. Ние, како општина веќе се обидуваме заедно со УНДП и ЕУ да развиеме нов Центар кој ќе биде современ, инклузивен, односно два центри во едно и тоа Инкубатор за млади личности со идеи и Центар за деца со посебни потреби.“, изјави Таравари, откривајќи дека како можна локација се просториите кај колеџот „Јахја Ќемал“.

Во склоп на проектот општината добила мал грант, со кој е опремен пристапен тоалет за ученици со посебни потреби во средното техничко училиште.

„Мора да признаеме дека Македонија како држава се уште е на почетокот на полето на инклузивноста и слабите страни моментално се многу поголеми од силните. Преку нашиот проект за Гостивар се обезбеди мал грант, од околу 4.000 евра кој навистина не може да ги реши најгорливите прашања кои Општина Гостивар ги има на полето на инклузијата, но важно ни е што општината покажа голема подготвеност да размислува и да ги решава прашањата поврзани со инклузијата, лицата со попреченост да растат, да се образуваат, основаат семејство и така натаму“, рече Билјана Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Инклузивно партнерство во заедниците“ е финансиран од ЕУ.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена